Агрон Туфа – ВИСТИНСКА СЛОБОДА

Вистинската слобода е едно темно шишенце,
полно со приковани духови, потонето
во газна востаничка течност
од еден свиреп Клип,
потоа забиено со восочна тапа
до последните навои.

Слободата е мало шишенце без пусула внатре,
фрлено во водите на нашиот најдлабок подрум.
Целиот живот не е доволен да го направиш јаже
да се симнеш и да го извадиш од дното на бунарот,
да му ја глодаш восочната тапа, и потоа
да бликнеш во небесно бекство
над твојата бездна…

mk_MKMK