Алекс Сковрон – СЛЕДНИОТ ДЕН ВРЕМЕТО

Следниот ден времето се менува.
Облаците со боја на пепел и мед ги тегнат
врвците на небото и одекнуваат
во пурпурните ноти на грмотевицата. Обилен дожд
удира по печуркастите оџаци,
сателитските чинии. Нашата соба високо
над Авенијата на Комеморациите
трепери после секој прекршен одблесок
кој си ја лоцира нервозната мрежа на таванот
од нашите мисли. Се смееш,
липаш. Со црвено заокружувам отворена страница
која одбива да се сврти, зборовите си го вртат
ветрогонот пред мои очи. Кој може
да каже, и зошто? Некаде во градов
поетот го дели последниот стих
во ремек дело кое нема никогаш да го напише,
магионичар зад Стајнвеј го истресува
универзумот од ракав,
долу по улицата парталава фигура
накапува во дождлив премин со свод,
застрането куче испитува ситуација;
а ти, дури зјапаш низ прозорецот, чекаш
сомнежот и истурањето да си легнат.
 
 
Превод: Елида Бахтијароска

mk_MKMK