Алекс Сковрон – СПРИНГВЕЈЛ

Во градот на мртвите
со мајка ми. Многу градови
се Некрополиси:
 
пловат среде
слушната геометрија и јас
кажав работи
 
неискажани
кога можеле да се доискажани
и видов облици.
 
Татко ми
бавно си го затвори грбот кон
затворената земја, и јас
 
запловив нанапред
со паузи да ги разбарам во
имињата
 
И запечатените броеви
додека ме водеа тивко
од камен до камен
 
кон крајот. Јас
среде редиците ги замислував
отсутните мисли на
 
тажачите како лебдат
ниско ко напуштени облаци:
со тоа што секој му припаѓа
 
тивко на тивко
ретко посетено огледало
во тлото.
 
Превод: Елида Бахтијароска

mk_MKMK