Александар Шурбанов – ЦАРСТВОТО НА СЕНКИТЕ

Во подвозникот под закачалките облека со намаление
сенките полегнале како бездомни кучиња.
Продавачката со длабоки подочници
веќе нема ни сили да си го крене погледот.
Некој младич со интелигентен изглед си ја буди флејтата
како принц царската ќерка – со бакнеж.
Јас минувам без да видам ништо.
Требаше да му пуштам ѕун на паричка
во пустошот од картонската кутија.
Но тоа е подвозник. Сè дури можеме,
ќе се качуваме пак надвор, кон оној
горен свет, каде што музиката блика
во сребрена фонтана под златни полилеи,
а само на сон како глува бездна
темно ни се поткрева царството на сенките.

Превод: Богомил Ѓузел

mk_MKMK