Амир Ор, роден во Тел Авив во 1956. Студирал филозофија и споредбена религија на Еврејскиот универзитет во Ерусалим, каде подоцна предавал старогрчка религија.
Ор е автор е на 13 збирки поезија, од кои најнови се Крилја (2015), и Дете (2018). Неговите дела се преведени на околу 50 јазици низ Европа, Америка и Азија. Објавил 2 романи, од кои најнов е Кралството (2015), за животот на кралот Давид и 12 книги со негови преводи од хебрејски на старогрчки, англиски и други јазици, меѓу кои Евангелие по Тома; Растргнувачки копнеж – антологија на грчка еротска поезија; и Приказни од Махабхарата. Неговите избрани преводи Од еврејската страна беа објавени во 2017, а неговите избрани есеи Дискурс во 2019 година. Ор е основач на поетското друштво Хеликон, арапско-хебрејски поетска школа Хеликон, меѓународниот поетски фестивал „Шаар“ и поетското списание Хеликон. Тој е национален координатор на проектот „Поети за мир“ поддржан од ОН, национален уредник на меѓународни списанија, како и уредник на поетските серијали „Катув“.
Песна: ОРЛОВА ПЕСНА
Песна: ЈАЗИКОТ ВЕЛИ