Ана Брнардиќ – БУРНА НОЌ

после бурната ноќ во која боговите од машина
не се појавија
ја чекам муграта крај манастирот
во дворот се шета гавран во сиви панталони
испеглани со раб
утрото е безнадежно темно
и единствена смисла наоѓам во уверувањето дека со особено внимание
можно е да се проучува јазикот
на кој заемно, сериозно внимавајќи на акцентот и должината,
се подучуваат гавранот и зад својата сива черга скриената
Деница

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш

mk_MKMK