Ана Брнардиќ – ЦРНО МОРЕ

на полноќ ослепувам и се претворам во риба
што живее длабоко под земја
мечтаејќи за шумот на црната вода
за љубовникот кој излегува од огнот
во непознат град
каде се оди назадечки во чевли од алги
а црнокос ангел ги собира распаднатите насмевки
и ме покрива до брадата
мојот тажен предок,
стеблото кое се искорнало од земјата
за да ме посети во ноќта

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш

mk_MKMK