Ана Брнардиќ – ЧУКАЊЕ НА МАШИНА ЗА ПИШУВАЊЕ

додека пишувам на оваа направа
чукањето по буквите, како работа, не се разликува многу
од искачувањето по некоја планина зиме
со стап и добра опрема
коцкестите букви се како неосвоиви клисури
пишувам во ракавици од груба волна
носот ми е црвен како на тибетско селанче
а земјата врз која се овие згазени букви
е црна од крутост
иако шансите дека ќе успеам се мали
ќе застанам кај првата колиба
од која насекаде избива чад
ќе се одморам со црна напивка од самоварот
па ќе тргнам натаму по знаците за смрзнатите меконепчени
кои најчесто, таму кон врвот, се групираат
во бела смрт

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш