Птиците отпрвин биле неживи, златни.
Очите, потем, по пошта им стигнале од морските длабочини,
пердувите од својата перница им ги прати бог,
клунот е од шумското трње
Се родија во една мугра од мракот
во темносино тело од росата
и си најдоа стан во челото на човекот
Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш