Ана Брнардиќ – ШЕТАЧ

Низ паркот Херастрау се шета Смртта
прекрасна, со распуштен дух
бела, гозбена
Отвореното небо, се протега
до длабоко во минатото
Седам на клупа гушната од гранките
’Рбетот, во детството откината панделка
Стивнуваат гласовите
Птиците се вкопуваат в земја
Езерото зад мојот грб густа чорба од алги
Колку што телото е помало, толку полесно минува
низ иглени уши

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш

mk_MKMK