Ана Брнардиќ – СТРАК ДУША

попладне во еден свирам
ги расклопувам нозете, рацете, вратните пршлени
корнам од земјата во мевот еден страк трева од душата
и ја вртам меѓу прстите
инструментот е стар и чкрипи
како старите дабови во шумата кои ќе се ничкосаат
ако некое кратковлакнесто животно претрча преку
старечките прсти
во бездната на шумската глувотија
во собата се стемнува
h-mol скалата со рапава кора
ги прекрива ѕидовите и таванот
очите се враќаат во длапките откаде што никнале
за да можат спокојно да го читаат дневникот
кој во музичката црница го испишуваат ноктите на студениот дожд

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш