Ана Брнардиќ – ТАЈНА

Составив гробна тајна
за понекогаш, кришум, да одам да живеам во друга земја
во туѓа кујна да лупам лук и да варам кафе
да одам до манастирот и да запалам свеќа
зад плотот собир на брезите на глув јазик
лицето се двои во огледалото
тркалезно и тажно се обвива со златен пој
ноќе го напуштам телото, прстите, ја соблекувам кората
во ладната спална соба ветерот со долга брада нè покрива
наутро сум младо дрво засадено пред куќа
гола коска од која се раѓа ден

mk_MKMK