Летувавме во село во кое од ѕидовите вирее жалфија,
човечки прсти, винова лоза и мачкини опашки.
Рибите се нанижани под прозорците.
Од нив капе месечевата светлина врз главите на оние што блудствуваат,
на камените плочи.
Еве го, одново, сонцето! Булките треперат зад ридот, небото се суши,
повторно станува камена плоча, енигма што ја решаваат старите.
Околу пет, кога од усвитеност пукаат главите,
сонцето паѓа в море, сонце во кое сега може да се гледа.
Се качуваме на клисурата.
Долу – луѓе мравки, луѓе – лебни трошки.
Богати туристи како ботанички примероци, совитливи тревки
на разумот.
Еве ја, одново, вечерта! Селото се собрало во кугла.
Тревите се свиле, се заплеткале во невидливите усти на куќите.
Дробиме суви трошки од вечерната неизвесност,
затоа што нема ни сонце ни месечина, секоја трага од животот
е пренесена на другата полутопка.
Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш