Ана Голејшка Џикова (Скопје, 1987) дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје. Таа е (не)случаен поет, љубител на перформансот, на градот и уживањата низ него.
Автор е на стихозбирките: „Љубов на улица“(2013, Култура) и „ Напишан дом“ (2018, Антолог); на сликовниците за деца: „Веселата зграда“ (2019, Арс Ламина) во соработка со илустраторот Драган Китановски ‒ Драш, „Лисичката плетачка“ (2020, Арт и арт студио Батев) и „Лепчето што расте“ (2020, Арт и арт студио Батев), обете во соработка со илустраторката Иванка НиБа.
Нејзини песни и куси раскази се објавени во неколку македонски поетски антологии и антологии на куса проза, а редовно објавува и во периодиката. Нејзини песни се препеани на српски, на турски, на германски и на англиски јазик. Учествувала на бројни поетски читања во земјата и во странство, како што се „Струшките вечери на поезијата, „Младе риме“ (Mlade rime) во Словенија, а настапи и на „Интернешанл јут поетс митинг“ (International Youth Poets Meeting) во Истанбул, Турција.
Со поетот Ѓоко Здравески ги основаа и ги водеа книжевните читања „Астални проекции“ во Скопје и коавтори се на монографијата „Астални проекции“ (2018, Бегемот). Таа е член на организацискиот одбор на „Скопски поетски фестивал“. Покрај пишувањето, работи и како менторка на детски работилници и проекти за јавно говорење и член е на вокалноинструменталниот состав „Тркалезна маса“ од Скопје.
Песна: Не си