Понекогаш мислам дека имаме
животинска душа.
Сунѓереста,прободена.
Раковидна,причипчена.
Како светулка,
да не знаеш дали е тука.
Па така трепериме
секој на својот крај од собата,
а болките се палат
и се гаснат.
Невозможно е самиот да се поплукаш.
Како и да го допреш темето на летото,
или да го подготвиш мразулецот во поткошулата
на зимската улица.
Афиони во мракот.
Ќе го исечкам за нас тој стих
како засолниште
за денот кога ќе бидеме подготвени.