Анте Поповски – Гоце Делчев


Кон Македонија
(Одломка)
Со разум на маж и здравје на топла земја
Дојдов да лутам ноќ и ден, крај вкраја и никој нигде ништо.
Се опаметувам, но што? Јас веќе залутав
И касно е и за најмало покајување
Дојдов со едно тело – со рани за две се враќам
На моето чело најцрната клетвае изречена
Не проколнувај го душманот и името да ти го носи
– И под девет бездни татковината ќе ти ја изнајде.
А со разум на маж и здравје на топла земја
Дојдов на врела крв моите соништа да врзат
И спокојно се обидувам да си го прочитам името
На камен од своите гради
Македонија што ќе ми го запише.