…кога ти дојде
сè беше исчезнато.
Пеликани. Се сеќавам на пеликаните и на лагуната.
Грутки сол. Еј, од мразот под покривот.
Високите кранови, на долгите морски пристаништа,
се нишаа лево десно спроти мојот прозорец
каде се очекуваше да се појавиш ти.
И грешката упростлива.
Во мугрите, во квечерините се нишаа лека-полека,
исто како раката на младиот ѓакон,
којшто додека темјанот чади во кадилницата,
чека чадот да се одвои од миризбата,
положува заклетва и се моли истовремено:
–Скалилата нека имаат повеќе луѓе, отколку тегоби!
По тебе немало човек со таква убава кожа.
Инстинктите, стегнати за гредата, врзани со слабо јаже,
го гризеа конецот на балонот на умот.
Иако спиеја, им беше јасно:
Кај тебе зборот Сакан, иако пристигнал,
како што беше ветено,
пристигна сам, сосема осамен.
Придружен со некој облик,
изглед или варијанта на зборот
машко.
Како секое нестрпливо нешто
кога му се доближува на март,
или кога сè е пренагласено…,
Цветовите на твојата кошула
за спиење
цутат предвреме…
Превод: Ресул Шабани