Ариан Лека – ПЕРПЕТУУМ МОБИЛЕ

Молчи и се затвора толку брзо провинцијата
со хармониката на мојата душа,
квечерина се лизга како сол, солта
над светата кожа на еукалиптусот.
 
Мувите на Споменот зузукаат за славата,
заедно со чекањето
децата ја џвакаат во училница…
Проклети да се мајките! –
Дојат со лажиците на Лудоста,
прадедовците што слободно пишувале
на вода, песок и плочки
 
Но мене што се родив таму некаде,
како што вели мојот пријател, во јазикот,
ме умира, ме срушува еден стих на преродбеник:
величествен, само залезот остана во Драч„…
 
(Превод од албански Ресул ШАБАНИ)

mk_MKMK