Во внатрешноста на поетот еден маж – чисти дамки на
кожата.
Во внатрешноста на мажот едно животно – ја чисти
кожата полна со страсти.
Во внатрешноста на животното морето лежи – спие над-
вор со шверцери.
Телото на март излезе од замрзнатото годишно време
стоплено
Како убавата нога на девојката од чизмата полна со кал.
Зимата блекна.
Ја стави главата на каменот за жртвување и се причини
како да рече:
– Да ја покривам главата со песок од Африка?
– Или со средноморска глина?
Тешењето доаѓа од отровите
Како што од медот тече смрт – пот – крв – кал.
Од земјата оваа година пристигна летото.
Црниот леб тежеше многу во стомакот.
На ридот никнаа цвеќиња.
Во море далги.
Трпението се стопи во ковачко огниште.
Препев од албански јазик: Ресул Шабани