ковчегот е празен
лалињата врз мојот стомак неотворени,
а може и само што не сум умрела од досада,
дојде времето
да се каже животот ми запре,
во грлото птица со полн стомак ми седи
на јазикот, а во полињата
се множат плашила,
како мажите што сум ги познавала,
и тенкови заборавени од војната кружат околу куќата
зашто не уживав во нивниот оган
и овие зборови
соголени
за ужалените да ги кубат
непознати жени ќе ми го мијат трупот,
ми го превртуваат тешкото месо и ми зјапаат
во трите тетоважи,
го замислуваат како гори,
под земја како говори
живот по смртта, живот по смртта, живот по смртта.
ќе излетаат надвор да му кажат на светот
врани високи ко мажи ѝ излетаа од
дупките,
ќелави врани со
исечени јазици
каков живот по смртта,
јас сум во смртта не помалку од на работа,
не помалку заплеткана со првото,
не чув никаков Габриел
никаков екот на трубите, никаков суд не падна,
ме облеа љубов и сè уште сум зафатена
со следење на засекот што ми го остави на образот
и се уште ноќите се преплавуваат
гледаш ли, непозната жено, се борам
да се одречам од моите книги,
како да се разделам од моите сни,
лицата што ги ценам сѐ уште се
врамени за да ги чувам од заборав,
твојот Бог ќе ме праша
што сториле твоите раце,
ќе речам дека раце немам,
непознати жени ме потопија
во непозната вода.
Уште имам за учење,
гневот ми е сакато стапало што не можам да го средам,
а допрва треба
да ги истресам тешките љубовни удари како што сламата се крие в оган,
да вдишам по крвопролевањето без мојата реа,
да ги нахрани кучињата на незадоволството пред да ми ги заријат
забите во вратот
враните ќе ме закопаат зашто како нив
и јас не научив да одам,
јас трчав,
додека не ме снајде крвав
нос, целиот искршен
раката од непознатата жена е студена
и од нејзината дланка засекогаш ќе никнат
крици и пердуви, и мојот глас
зад неа, говорејќи
досадни зборови.
Препев од англиски: Елида Бахтијаровска