Се отплеткуваш одозгора
како диви гуски од пејзажот
без никаков ризик, релјефот обликува огромни,
божествени кули пријатни за Бог;
ако се спушти маглата, чистата ноќ
како сенка меѓу точки од светлина, ги обвива
твоите прсти на моиве ребра, твоите ребра на мојот прст,
го отплеткуваш пејзажот одозгора – како диви зајаци
го ризикуваме нашиот пејзаж: моиве ребра на твојот прст,
мојов прст на твоите ребра, веќе стркалан кон
судир, божествени, огромни сенки
поминуваат врз пејзажите; под ’рбетот
долната страна на нештата, речиси скриена
во грлото на езерото, отплеткај се одозгора,
како диви гуски на огромни, божествени кули,
твоите прсти на моиве ребра, твоите ребра на мојот прст.
Превод: Никола Ѓелинчески