Балаж Сeлeши – Циханума 9.

Според претпоставките на Бела Барток
маглата околу помалите – италијанските, хрватските, шпанските,
да ги наречеме, западноримски замоци, е недовршена.
Според претпоставките, сè уште дел по дел ја составуваат
безоблични човечки суштества, во последниве
отприлика шестотини и педесет години,
се верува дека постоел конечен, да речеме бесконечен поглед,
во него можеле да се видат одредени ѕвезди, зависи од тоа
како летала маглата, од која соба се гледало надвор,
и кога. Во последната, највисоката соба –
според претпоставките – нема ѕидови
туку стаклени прозорци наоколу, насреде стои маса,
на неа има хартија, перо и мастило,
а движењето останува недофатно, засекогаш.

Превод: Никола Ѓелинчески

mk_MKMK