Виолета Танчева – Златева – НЕБОТО ВО ТЕБЕ

Само Господ може да воздигнува
Јас сум ништотна за такво нешто
За мене си само човек
од Царството Божјо
и можеби затоа те сакам
и те примам во
Доброто во мене
Првиот човек на земјата си
и последниот потомок на родот
И брат си ми и татко
и син и маж
на оваа пролет во мене
Ти го имаш небото во себе

mk_MKMK