толку лесно се убива денес – како во цртан филм
војната нè наоѓа во нашето секојдневие
а мирот стои како столче за оддишка
на кое седнуваат само мртвите
Боже дозволи ми еден миг барем
жив да седнам на тоа столче за оддишка
исто како и ти среде трпезата на тајната вечера