Бране Мозетич (роден во 1958 година) е словенечки поет, писател, уредник на книжевните серијали Алеф и Ламбда и преведувач од француски јазик (Рембо, Жене, Фуко, итн.), најпознат како автор на хомоеротска книжевност. Неговиот опус опфаќа 16 збирки поезија, една книга со кратки раскази, три романи и седум детски сликовници. Тој е уредник на четири антологии на ЛГБТ книжевност и неколку презентации на современа словенечка книжевност. Превел над педесет книги, додека неговата поетска збирка Баналности (2003) му е преведена на дванаесет јазици (меѓу кои и македонски јазик), па може да се смета за еден од најпреведуваните современи словенечки автори. Тој организира работилници за превод, читања на словенечки автори во странство, малиот книжевно-музички фестивал „Жива книжевност“, љубљанскиот ЛГБТ филмски фестивал, итн. Неговата најнова преведена книга на англиски јазик Незавршени скици за една револуција (Талисман Хаус, 2018), била финалист за наградата „Ламбда“ за геј поезија.
Песна: 28.11.1973