Бранко Цветкоски

БРАНКО ЦВЕТКОСКИ (Слатино, Охридско, 21 јуни 1954) е македонски поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист и издавач.
Автор е на 26 книги поезија, критика и есеистика и публицистика. Во 2014 година се печатени неговите Избрани дела во 6 тома. Објавил над 30 преведени и препеани книги од видни балкански, европски и светски поети, прозаисти и публицисти, главно репрезенти на словенските литартури.
Одделни поетски книги или избори од поетското творешетво на Цветкоски се преведени и објавени на 18 светски јазици.
Добитник е на 18 високи македонски и меѓународни литературни награди и признанија како и на Државната награда „Свети Климент Охридски“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста од интерес за Република Македонија, во 2009 година.
Член е на Македонскиот ПЕН центар, на Друштвото на писателите на Македонија, на Словенската литературна и уметничка акaдемија со седиште во Варна (Бугарија) и нејзин коoрдинатор за Република Македонија и почесен член на Сојузот на бугарските писатели.
Еден е од востановителите на Балканската книжевна фондација „Балканика“, основач на издавачката куќа „Макавеј“ и на списанието „Книжевно житие“.

Песна: ОД ИСТО ТЕСТО

mk_MKMK