Булат Окуџава – Лауреат 1967

Pоден е во Москва, 9. 5. 1924 година, а починал во Кламарт, 12. 6. 1997 година. Истакнат руски поет и кант-автор. Голем дел од своите песни сам ги компонирал и постигнал голем успех во поранешниот Советски Сојуз. Поетскиот стил му е камерен и лирски. Неговата збирка Биди здрав, ученику (1961), ја третира темата за учеството на младите луѓе во Татковинската војна против фашизмот и е преведена на повеќе јазици. Автор е на прозни и драмски дела како и на филмски сценарија.

mk_MKMK