Џалал Ел Хакмауи – ХРЧАКОТ НА ЖИВОТОТ

Ја оставив старлетата на екранот од друга земја
Ја снимив првата сцена за дивјаштвото на сонцето
Ги подзамижав очите спроти светлото на братството
(ги имам јапонските карактеристики на Такеши)
 
Го следев филмот и му се разврескав
В лице на орелот на орелот кој лета
Над лешови од кукли кои лежат во стомакот на пустината
 
Застанав пред камерата на робовите
Престанав подзинато
Да зјапам во Џалал Ел Хакмауи
(во мене ли?)
сегашно суштество во предисламско злато
суштество со трето око во кое се слуша
виежот на бебињата скалпирани со острите ножеви на цивилизацијата
фрлени во слабините на велика нација која ни доаѓа од Исток.
 
(по четврт век од граматиката на коските
Сибавеих[1] не е способен да образова среќен мајмун)
 
Хрчакот на животот и смртта ја гледа телевизијата на апокалипсата
И се смее до бесвест
 
кога повторно ги отворив очите
Ја видов најдобрата нација во светот
како јавнува гуштер со искорнати очи, глува и нема
следена
двајца по двајца
од илјадници војници верни на слепиот водач
 
Го предупредив хрчакот на животот за таа која пуши Марлборо лајтс.
Тој повторно се насмеа
 
Ја оставив првата дама на филмот под друго сонце
Ја снимив последната сцена за дивјаштвото на сонцето
Ги подзамижав очите спроти светлото на братството
 
Најдобрата нација на светот се развика
Небаре примитивец
Кој стои на една рака
А од другата крвави крвта на другата кукла
(кој вели дека куклите никогаш не умираат?)
 
Да
Оваа кукла ги шири своите крилја
Оваа кукла ги носи во десната рака бронзените клучеви
И му го осветлува патот на мароканскиот Пророк
Кој кога се разбудил наутро го создал бесот на светот.
 
Стоп
 
Хрчакот на животот се враќа долу на земјата Ама откако снимањето ќе заврши.
 
 
Превод: Никола Ѓелинчески