Во кафулето на новата ера
Седат Тарафа Ибн Абд**
И куклето кое не разбира класична поезија
Тој отвора стар весник
И го чита насловот:
Го гледам животот како скратено богатство
Земјата се превртува
Стариот весник на луѓето
Паѓа
Само Тарафа Ибн Абд останува
Да виси во насловот:
Го гледам животот како скратено богатство
Превод: Никола Ѓелинчески