Џалал Ел Хакмауи – МЕ СЛУШАШ ЛИ ЏИМ МОРИСОН?

Добрите песни
Секогаш ни даваат благца
Лошо вино од едноокиот трговец
Ноќта на новогодишната забава…
 
Ми требаат дваесет шишиња алкохол за да замразам
Да ја отворам устата
И да си го гледам јазикот дури лази
Долж тенкото сечило на големото огледало
Да се степам со Абел Ферара
Да ги позајмам градниците на Мерлин Монро
Главата на издрогирано радио
И ѕвонот на стадо црни мисли
Кои не се целосно соблечени
Пред да ми се придружат во телефонската говорница
Кај што животот престана одеднаш
И заборавив да го земам мојот омилен автомобил за да тргнам кон ПЕСНАТА.
 
 
Превод: Никола Ѓелинчески