Жената
што сега ја љубам за мене има
најсовршена омраза
Додека шумовите поминуваат и ги трогнуваат
ѕидовите и кучињата
мочаат по градината јас ја гледам како се соблекува
го исполнува
рутинскиот сон на дните
Паѓа врз постелата добар дел од ноќта
и во моите уши сѐ уште се слушаат поплаките
удвојувањето на омразата што доаѓа да ме уништи
Валканиот ден ги крева рацете и секојдневието
одново се појавува на белите
чаршафи со остра површина
со трнчиња на масата
Јас повторно ја гледам жената
која меѓу забите го полира златестиот
сјај на омразата кон мене
Тогаш го допирам со телото
внатре бесот што го чувам за неа
односно за нас:
Зошто
мноштвото јад нѐ прави
различни? Кој ми ја обликува
во рацете оваа совршена рана
и закана?
Сѐ уште трепка
сеќавањето кога си спомнува за побркувањето
на твоите нозе со моите маки?
Превод: Марија Крстевска