Карлос Рамирес Вуелвас – ПОСЛАНИЕ ОД СВЕТИ ПАВЛЕ ОД ЛОС ПИНОС

Радосен,
на точно дваесет и две години,
при потполно здравје да си ја скратам косата
сега е шест часот попладне на кој било ден
и успевам да го видам одекот на сонцето преку прозорецот
Повторно го местам појасот и се подготвувам да ги набљудувам,
со цвет во реверот, пристигнувањето
на гладта и хистеријата
но други демони се појавуваат во салата
желбата, жедта, гневот
Ја засукувам кошулата и испробувам да ја направам
најсреќната гримаса од зол човек
едноставно како шамиче за користење,
го збрчкувам просторот меѓу веѓите
Нема од што да се плашам:
како што се знае,
тоа е друга битка која исто така
сум на работ да ја изгубам.
 
Превод: Марија Крстевска

mk_MKMK