Карлос Рамирес Вуелвас – СРЕБРЕНИ ЗНАЦИ ВРЗ ЗАЛИВОТ

Можам да ти го испишам името Сандра
со чадот од пурата
Со затворени очи да му го кажам тивко
на човекот кој прашува за тебе
Да го напишам со радоста на сонот
што се чека во понеделник навечер
и со јасен експлозивен глас на твоите нозе
Со твоето име можам да направам
дожд од камења кои пламтат
Сандра
и да го лизнам тој пламен со јазикот
и да го спелувам со срцебиењето
Сега кога никој не ме слуша
може да го исцртам твоето име со вените на ветрот
и да почекам телото да ти се новороди во мојата пепел
 
Превод: Марија Крстевска

mk_MKMK