„На жена ми ѝ го оставам мојот втор најдобар кревет…“
(од тестаментот на Шекспир)
Креветот во кој се љубевме замаен свет беше
од гори, замоци, факели, карпести врвој, мориња
во кои љубениот нуркаше по бисери. Кога збореше,
паѓаа ѕвезди по земјата ко бакнежи, жарчиња
врз овие усни; телово сега ми е рима помека
од неговата, сал ехо, асонанца; допирот негов
е глагол што танцува во средето од именка.
Некогаш ноќум сонам дека ми пишал, креветов
божем страница под неговата поетска рака. Со допир
одиграна романса и драма, со мирис, со вкус убав.
Во другиот кревет, оној најдобриот, грчеа гости в мир,
се лигавеа во проза. Неговата жива насмеана љубов –
си ја гушкам ко вдовица во ковчегот од оваа глава
ко што тој врз вториот најдобар кревет ми гушкаше става.
Превод од англиски јазик:
Зоран Анчевски