Повторно бев мајка, кога ти се врати
од скршениот свет; и чекавме заедно
нашата градина од смрзнатиот сон да стане,
дури научниците си ги промешуваа и потпивнуваа вакцините
Сред зимата на заклучената година,
сам си ја скрати косата;
ги остави бледокафените плетенки и кадрици
врз весникот. Ќе може? прашав.
Прочитав некаде дека птиците ја користеле косата
за нивните гнезда; па кога кокичињата никнаа и свенаа,
ја ставив врз тревата што мекнееше-
бронзена и бакарна и златна врз зелена.
Па ја скратив спретно; ја оставив таму
дожд да ја измие, сонце да ја исуши.
Ја снема штом стигна пролетта. Видов едно царче
со клун преполн мов; еден кос влечеше пајажинка.
Се насмеа кога ти раскажав. Кој ти…?
Но, јас ти сум мајка и штом ќе заминеш,
нема да ги видам, ниту да ги барам, гнездата кои знам
дека постојат. Секое гнездо содржи влакно од твојата коса.
Превод од англиски јазик:
Горјан Костовски