Ценд-Ајуш Бујанзаја – НОВА ПРОЛЕТ

Летното вечерно сонце личи на црвениот зерав што лета наспроти ветерот
Слабиот мирис на познатото цвеќе, со незнаено име
Бледи ѕвезди во далечното небо, се светкаат и треперат во мракот
Раното ветренце во мугрите опстојува далеко во село и ги допира прстите
И мислите мои за тебе, не сум ги поделил со никого.
Беше матно, но беше неизбришливо насликано во длабина на мојата душа
Мислев на нив како моја заблуда, но одеднаш почувствував многу жално
Секогаш кога некои од моите неискажани спомени се појавуваат на памет
Јас почнував нов живот, јас разбрав и на крајот ми беше многу лесно
Јас верував дека тагата и жалоста ги оставив далеку назад.
Пушти никулци како млади корени на мојата наредна среќа
Туку што приметив тоа од елегантните чекорења на млада дама која помина
покрај мене
Додека седам во осаменост на градска клупа во Новата Пролет.

mk_MKMK