Ценд-Ајуш Бујанзаја

Ценд-Ајуш Бујанзаја e писател, поет и истражувач, роден во 1972 година во Саихан сум, административен регион Булган, Централна Монголија. Дипломирал на универзитетот за образование на Монголија во Улан Батор 1994 год. Во 2022 година магистрирал во истиот универзитет со тема „Традиција и обнова на Монголската литература“. Бујанзаја е добитник на најпрестижните литературани и поетски награди на Монголија.
Во 2022 година ја доби наградата на Унијата на Монголските Писатели со романот Летот на црвената птица; во 2007 година беше добитник на наградата „Златно Перо“ со книгата на избрани приказни Извинување на златната жаба како најдобра книга во годината. Добитник на престижната поетска награда која го носи името на големиот монголски поет Дашдорж Нацагдорж (1890-1924) во 2009 година. Од 1994-1997 работел како новинар во весникот “Mash Nuuts”. Од 1997-1998 бил редактор за литература во Монголско радио. Од 1998-2001 бил главен уредник на весникот „Вести на Улан Батор“ а од 2001-2006 раководител на секторот за политичка организација на Унијата на Монголските Писатели. Од 2007-2009 бил главен уредник на печатницата „Монголска литература“ а од 2009-2013 член на раководниот совет на Унијата на Монголски писатели. Од 2013-2017 бил Претседател на Раководниот Совет на Унијата на Монголски писатели.
Во 2018 година ја основал невлaдината организација „Центар за едукација на Монголската литература“ и работи до денес како претседател на истата.

Песна: НОВА ПРОЛЕТ

mk_MKMK