Татковците изградиле големи куќи, со два ката
и големо поткровје. Сакале да ги соберат сите деца
на светот, да ги нагостат државјаните на Африка и Нов Зеланд.
Сакале да изградат нови згради и гаражи во градините,
да засадат цвеќе и домати на црната почва
а балконите да бидат како светилки.
Но, куќите сега стојат како војници без оружје, покривите
се полни со графити, остатоци од гозба на масите,
а на ѕидовите висат слики од слаби импресионисти.
Куќите се само низи од тули испорачани од предградијата,
како проекции на древните пролетери кои, напуштајќи ги
селата,
го поминале својот живот во далечните фабрики,
како возачи кои спиејќи ги гаснат пожарите
во домовите на воените пензионери.