Дарија Жилиќ

Дарија Жилиќ е родена 1972 година во Загреб. Дипломирала историја и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Пишува поезија, критика, проза и есеи, а од англиски јазик преведува современа американска и англиска литература. Нејзините песни се преведени на италијански, албански, бугарски, турски, македонски, словенечки и англиски јазик. Автор е на следниве книги: Гради и јагоди (АГМ, Загреб, 2009), Пишување со млеко (Алтагам, Загреб, 2008), Танцувај, Modesty, танцувај (Алгоритам, Загреб, 2010), Музата надвор од гетото (Бијакова, Загреб, 2010); Паралелни градини (Шура публикејшнс, Опатија, 2011); Номади и хибриди (Бијакова, Загреб, 2011); Тропизми (2011); Омар (Бијакова, Загреб, 2012); Тропизми 2 (Литерис, Загреб, 2013); Клавжар (Бијакова, Загреб, 2013); Тропизми 3 (Литерис, Загреб, 2017); Зора (Бијакова, Загреб, 2018); Сараевски фрагменти (Бајбук, Сараево, 2020); Од рабовите на екранот (Штајерграф, Загреб, 2021); Прсти и прерии (Литерис, Загреб, 2021); Тропизми 4 (Бијакова, Загреб, 2021).
Добитничка е на многубројни награди, од кои најзначајна е наградата „Јулија Бенешиќ“ за книжевна критика (за книгата Музата надвор од гетото, како најдобро книжевно-критичко остварување во 2010 година), наградата „Киклоп“ за збирка поезија во 2011 година (за поетската збирка Танцувај, Modesty, танцувај) и Наградата за поезија „Орфеј“ на Меѓународниот фестивал во Пловдив, Бугарија, во 2020 година. Настапувала на фестивали во САД, Иран, Турција, Германија, Франција, Словачка, Полска, Бугарија и во сите земји од поранешната СФРЈ.

Песна: Куќи

mk_MKMK