Давид Џанони

Давид Џанони е роден во Ница (Франција) на 5 август 1968, во 4:30 изутрина. Било понеделник. Само рекол: „Ајде на работа!…“ Убеден дека е Французин до својата 15 година, ја открил Италија кога се преселил во Рим со семејството. Таму ги открива книжевноста, уметноста, поезијата. Се сели во Брисел во 1987 година, а во 1989 г. го основал мултимедискиот и мултиуметничкиот проект „Маелстром“. Тој бил директор на списанието и збирката „Маелстром“ уште пред да прераснат во издавачка куќа, драматург („Полдерс“ со Клаудио Серугети – Арте/Ртбф), а како коосновач на поетската мрежа „РеЕволуција“ со Лоренс Ферлингети, Антонио Бертоли и Алехандро Жодоровски долго време работи на полето на „помош за бездомните“ во Брисел, како вечерен обучувач и проект-менаџер на „зборовни простори за бездомните“. Во 2007 година, заедно со Антонио Бертоли и Марко Џанони го основаат Меѓународниот поетски фестивал „фиЕстивал“ во Брисел, кој го слави 15-тото издание во 2021 година. Од 2011 година, „фиЕстивал“ прераснува во меѓународен фестивал со разновидна и богата поезија, како и перформанси, а од 2019 година за концептот и изведбата на фестивалот колегијално се грижи една вистинска уметничка група, во која учествуваат над 20 меѓународни уметници. Од 2007 година, тој е директор на „Куќата на поезијата“ во Амe (Белгија) и на издаваштвото „Л’абре а паролес“. Во декември 2010 година, заедно со групата „Маелстром“, во Брисел ја отвора книжарницата „Маелстром 4 1 4“. Тој е поет, сликар, изведувач и терапевт. Има објавено сценарио за стрип: „Скриеното лице на градот“ со Даниеле Бачи, поезија: „Отворени очи, затворени очи”, „Индиецот од Бретања“, „Вера, знаење и сеќавање“, и книга со приказни „Приказни од Нод“, кои биле објавени од издавачката куќа „Маелстром реЕволуција“. Тој е горд татко на прекрасната ќеркичка Џоја, а оженет е со италијанско-руската уметница Надежда Перети.

Песна: Пес

mk_MKMK