Давид Џанони – Од гестот чувам сеќавање

од гестот чувам сеќавање
се затскри тоа во сенката негова
чиј отсјај во реката се пресликува
таа разделува и соединува
два океана
еден е од земјата
другиот од морето

кога силното сонце лицето го жари
какво време му дава на овој свет
нов
да се запознае себеси?

чекам таму
да ги изненадам со овие трепнежи
четирите галеби што еден со друг се демнат
и никој не сака да го препушти
пленот

но еве
нема плен
а тишината
во целост
небаре судбина што се скусува
го полни
растојанието
од тебе до тебе
кое ме покрива
од мене
до мене

и тогаш
кармата ја отворам
како нешто што блескоти
чиниш оган што во последен ред се мести
зад речиси полната месечина
миг пред да ја довтаса
муграта згасната
среде облаци в грутки
кои ги крштеваат
секој ден
секоја ноќ
и по името
твоето име
по твоето име
моето
а потоа?

оди
сонот ми вели
оди
знаеш каде се крие
таа
на седумте места што им дава
да озрачат од длапката нивна
невидливи површини
дојди
и оди
и со малку зборови
започни си врска
тие се волшепство
градат издигнуваат
создаваат

оди
и врати се

земи ме


Препев: Олгица Крстевска Миливојевиќ

mk_MKMK