Дејан Алексиќ – СВЕЌА

Восочна девица
Пратена во манастир
Да се научи на ред
Затоа малку зборува
Го менува јазикот за пламен
За ти да помислиш на пепелта
Гледајќи ја сопствената сенка
Мрачно е во твојата сенка
Како во рог од животното
Кое го ловеше
По старата шума на јазикот
За гозбата што никогаш
Не дојде
Мрачно е како под
Качулката на џелатот
Со која навечер
Си игра неговата ќерка
Иако постелата е
Веќе наместена
И во свеќата дувна ветрот
Заминувајќи на крајот од светот
Да свири во мокри трски

Превод од српски јазик Никола Кукунеш

mk_MKMK