Кога би знаел што би сакала да ти подарам за твојот роден ден
Јас што не поседувам никаква моќ, никакво царство,
Што сонувам да ги зграпчам убавините на природата, на светот,
Да ги простирам пред твојата врата, каде седнуваш и ткаеш соништа, и чекаш
И ме чекаш…
Знам дека копнееш да бидеме заедно.
Со мене што не сум цвеќе што ти го обожаваш,
(Цвеќе ниту името не ми е),
Туку ти носам пролетен мирис (зиме со скомраз)…
Не знам како те оставам сам, овој ден (кога ти се роди, мене ме препороди)
без да те прегрнам, како што пламен пламти,
Без да те погледнам во твоите огнени очи, што ме растажуваат при секое заминување…
Како се разделија овие патишта, како се растегаа километрите, не знам.
За нас што не нè запираше ниту дожд, ниту снег, ниту силен ветер…
Годините ни го отежнуваат чекорот, светот што ни удира „шлаканица“,
Ние што му се радуваме со животот, а не со судбината.
Ние што разменуваме љубов
И љубов садиме на сите страни.
Ние што им подаруваме мир на нашите вознемирени души
Кој ни го спречи чекорот на овој радосен ден, среќен ден, судбината?!
Да ти ја стегам раката (моќ од тебе да зграпчам),
Да ја нападнеме нашата недоречена среќа…
Тогаш ќе летнeв со и без крилја.
Ќе тргнeв кон тебе а ти со отворена врата ќе ме пречекаше,
Раширени раце, така како што си сонувал и сонуваш…
Знам: фатени за рака ќе шетавме по нашите слепи улици
Како морето и небото без брегови.
Потоа не знам кој ќе се чувствува по горд?
Тебе една река со среќа ќе те преплавеше,
А на мене ќе остане благодeт да те наречам.
Ете те прашувам: Што можам на благодат да му подарам, на овој ден со белег?
Ја сакаш ли насмевката, среќата, мирот,
Земи си се без задршка.
Толку сме далеку, а се чувствуваме толку близу, си ми рекол, па ти велам.
Како стана овој живот, далечен, далечен…
И да се сакаме толку многу.
И кога велам дека те сакам, живот ми значиш, божествен и скапоцен да си ми
Оваа лавина на зборови има мозолчиња на солза,
Никогаш не би сакала да ти подарам река-солзи на твојот роден ден…
Но ова е мое богатство, ова е моето тешење.