Делвина Крлуку

ДЕЛВИНА КРЛУКУ (Delvina KËRLUKU)
Делвина КРЛУКУ е родена на 1985 г. во Дебар, каде што завршува средно образование. Економски факултет, а магистрирала нa универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Предавала на ДУТ и Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје. Била Преседател е на Друштвото за наука и култура “Јосиф Багери”.
Досега ги објавила стихозбирките: Муза, Алтар, Трага, Стих од Роза, Заливи на осамата, Есенски Секнувања;
(раскази) Преговор на нашите денови;;
(публицистика) “Татко ми и Титовите кученца”;
(книжевни репортажа) Побледен надеж; …
(интервјуа) Различни со…
Член на ДПМ и на ДПАМ. Учествува на повеќе културни и научни средби во земјава и надвор од неа.
Добитник е на наградата „Книжевно дело“ за стихозбирката Стих од роза на поетскиот фестивал во Призрен (Косово), „Специјалната награда” на балканскиот поетски фестивал во Корча, Албанија, наградата „Поетски бран” на меѓународниот фестивал во Струга, наградата „Книжевен мост” на ДПМ за стихозбирката Заливи на осамата во Р. Македонија, наградата „Абдулзис Ислами” од Сојузот на книжевните преведувачи на Северна Македонија, како и признание за придонес кон уметноста и културата од Националната галерија на Р. Северна Македонија.
Работи како новинар во дневникот КОХА (Време), Уредник на списанието „Стожер”. Работи и живее во Скопје.

Песна: ЗНАМ ДЕКА КОПНЕЕШ…

mk_MKMK