Димитар Башевски – ОТИСОК

Беше сама, се соблече гола и
пливаше во вирот меѓу две сонца.
Кога излезе, ја затресе косата спроти
небото и легна на жешката карпа.
Под неа, едно срце немирно чукаше –
моето срце втиснато во карпата во
едно врело лето на занесот

mk_MKMK