Димитар Башевски

Димитар Башевски, романсиер, поет, преведувач, издавач. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Долги години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ од Скопје, а сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година бил претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН центар.
Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, романски, грчки, бугарски, српски, турски, црногорски и албански јазик.
За своите книги, тој ги има добиено високите награди 11 Октомври, Рациново признание, Ванчо Николески, 13 Ноември, наградата Роман на годината за романот „Бунар“, а Башевски исто така е добитник на највисокото признание за долгогодишни остварувања, државната награда Св.Климент Охридски во 2019 година. Автор е на преводи на дваесеттина книги од англиски, српски, хрватски и црногорски јазик.

Песна: ОТИСОК

mk_MKMK