Димитар Христов – ***

Ја ЗАГУБИВ насмевката.
Сега ја барам со тебе,
љубена моја.

Ја загубив спонтаноста,
Сега ја барам со тебе,
љубена моја.

Ја загубив фантазијата.
Сега ја барам со тебе,
љубена моја.

Ги загубив спомените.
Сега те барам во нив
љубена моја.

Се загубив себеси.
Ќе ме пронајдеш ли,
љубена моја

Загубив сѐ.
Штом те нема, да те измислам ли
љубена моја?