Димитрис Ангелис – 5

Една картонска кутија со мртви овчи глави. Една полноќна девојка со свеќа во раката открива надвор од својата соба бел трендафил и една црвена ракавица. Една биста привремено допрена на еден стол од трски – наместо ореол на главата има канаринец. Еден спакуван гипсен Исус. Една машина за пишување за да пишувам.
Една чаша допрена на первазот. Една распната риба. Инструментите на едно отковување. Еден одминлив пес што оставил траги врз чаршафот. Воздухот исполнет со мовлести чадорчиња од сини цикории. Понекогаш резервите од светците и од поетите ти завршуваат. Сите се преместуваат. Апартманот остана празен, само со една машина за пишување.

Превод од грчки јазик Паскал Гилевски

mk_MKMK