Драгослав Дедовиќ – КОПНЕЖОТ НА ПРСТИТЕ ОД ЛЕВАТА РАКА

барав гитара во возот
што минува крај селата во ноќта
преку државните граници на крајот од
изабените градови
гитара во дрвена кутија со шест жици
не би знаел што да правам со гитарата само
копнежот на прстите од левата рака е тука
од купе до купе ги будев
луѓето со банални лица имате ли
гитара таа е совршена како
тело на жена без екстремитети
фотографијата од војната
ја изгубив
во земјата од којашто бегам
грчки арапски шпански збор
гитара

Препев на македонски
Никола Маџиров

mk_MKMK