Ефе Дујан – МЕНЛИВИ ОБЛИЦИ

Забораваш дека морето е извалкан чаршаф на маса
и секое море е смртоносна пустина
седнуваш покрај

и се прашуваш дали
пустината
навистина може да ја преземе бојата на морето
како небо под твоите нозе

всушност, сите нешта можат да си ги преземат
боите едни од други

како трнот на кактусот
и неговиот корен
се поврзуваат
и нашите чувства што менуваат облик

се прашувам
дали ние навистина
ќе се вљубиме еден во друг

бојата ти се разлева
прстите ги потопувам во водата
ти се соблекуваш
не обѕирајќи се на никого
почнуваш да пливаш
во прозрачните песоци на времето

а времето
се претвора во голема, свежа, бојадисана одаја
со софа и абажур

веднаш почнуваме
да ги разместуваме предметите
мечтаејќи дека светот го менуваме
не забележувајќи што сме го наводениле паркетот

mk_MKMK